Stella McCartney и Disney ја претставија првата заедничка колекција, инспирирана од легендарниот анимиран филм од 1941 година, „ Fantasia“.

Stella McCartney & Disney Fantasia колекцијата, според преставувањето „ја комбинира модата и фантазијата“ , содржи нови принтови на Disney Fantasia и оригинална графика.
Унисекс капсулната колекција содржи безвременски визуелни елементи и заеднички вредности на славење на природата, музиката и на експерименталната креативност.
Колекцијата содржи облека за деца и за возрасни, како и бројни модни додатоци. Меѓу мотивите во кои доминираат филмските анимирани ликови се издвојува Мики Маус, како и ретки постери од 1940-тите, испечатени на свила.


Модните додатоци ја надополнуваат колекцијата со чанти со повеќе цртежи со ликот на Мики Маус. Во понудата за обувки, одржливите патики Loop се редизајнирани во пастелно розова боја, со виножито и Мики Маус графика, додека чевлите на платформата Elise имаат принт Fantasia.


Stella McCartney & Disney Fantasia колекцијата е целосно направена од вегански материјали, вклучувајќи органски памук, рециклиран најлон и рециклиран полиестер./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.