За деновите кога останувањето дома, затворањата и изолациите се премиса за заштита од вирусот и зачувување на здравјето Dior Chez Moi промовира пролетна колекција за по дома.
Како предлог за префинет и нежен допир, дизајнерката Maria Grazia Chiuri со Dior Chez Moi креира традиционално блескави комплети на пижами, бањарки и пончоа со бројни додатоци.
Оваа пролет колекцијата е надополнета и со фустани и шорцеви, во есенцијалниот Toile de Jouy нагласен дезен, во тропска верзија, во сино и бело, со величествени палми. https://www.dior.com/en_int/womens-fashion/dior-chez-moi
Овој дезен е и на амблематските додатоци, како што се Dior Bo, или Mitzah шаловите.
Уметност на елеганција и слобода, повторно осмислена за да ви го разубави денот дома./М.М.