Dior Alps, според зборовите на креативната директорка Maria Grazia Chiuri, претставува многу повеќе од зимска колекција и, секакао многу повеќе од заштита од студот при спортување, рекреацијата или други нешта во кои уживаат љубителите на белите врвови. Според дизајнерката, колекцијата ја слави „елеганцијата во движење“.
Колекцијата е креирана за оние кои се подготвени и на помалку нежни средби со белите прекривки, но, со изразита женственост што дизајнерката ја внесува во секоја своја колекција.
Низ сите парчиња од колекцијата се провлекуваат црвени, бели и сини нијанси, што дизајнерката ги користи заедно со сите кодови на модната куќа. Dior Star си најде место на дуксери, волнени капи и плетени чорапи, Dior Oblique е на јакни, снежни костуми и масивни најлонски чизми, направени за прошетки по снегот, додека леопард принт на Mizza, што датира до колекцијата на Диор од 1950-тите, во чест на музата на дизајнерката Миза Бикард, а оживеа на зимски комплети.
Поради сето јасно е како се доаѓа до елеганцијата во движење на планините – со Dior Alps./М.М.