Париз и Олимпијадата – најголемиот спортски настан во светот, за Dior беа повод за ново доживување на естетиката на атлетизмот. Визијата на Maria Grazia Chiuri за couture и за prêt-à-porter линиите резонираат со олимписките идеали за единство и за извонредност. Поради тоа Олимпијадата во Париз 2024 година ќе остане врежана во меморијата не само по атлетските триумфи, туку и како сцена за култура и за мода. Познати личности од светот на филмот, музиката и на уметноста како да ги здружија силите во промоција на пригодните Dior креации.
На ‘Prelude To The Olympics’, настан организиран од Louis Vuitton фондацијата на денот на отворањето на Игрите, според Rain магазинот, Charlize Theron се појави во бел мини фустан чија што креација ги одразува корените на олимписката естетика. Избалансираниот наратив на стилот е дополнет со прстените Bois de Rose и Rose Dior Bagatelle, како и со Couture Dior обетките.
Освен музата на Dior, на истиот настан, но овој пат во модели од крузер колекцијата на Dior 2025, се претставија шпанската музичка ѕвезда Rosalia, како и пијанистката Gina Alice Redlinger./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.