Diesel

Во рамките на одбележувањето на својот јубилеј – 40 години постоење, Diesel ја претстави најновата колекција наречена Diesel x Diesel. Работата на колекцијата е започната во октомври 2020 година, кога Diesel го ангажираше Glenn Martens на реализација на Y / Project-от. Во него се вклучува и Renzo Rosso, основачот на Diesel, со кого се дефинирани рамките на дизајнот и елементите на колекцијата.

„Кога пристигнав во Diesel, неговиот основач, Ренцо Росо, работеше на уникатен, временски план – Diesel тогаш и Diesel сега. Тој проучуваше како да го спои наследството на брендот, во контекстот и стилот од 2021 година. Ја прифатив оваа визија и горд сум што работев заедно со него, во засилувањето на она што го гледате овде денес “, објаснува Martens, во изјавата за колекцијата. На некој начин, тоа е симболично кревање на диригентската палка; ние ја славиме историјата на Diesel, додека се насочуваме кон една нова ера и јас сум возбуден за насоката во која се движиме “. http://fuckingyoung.es/diesel-x-diesel/

Капсулата колекција Diesel x Diesel ги носи сите наследства на нејзиното 40-годишно постоење: сите стилови, различните подготовки на ткаенините, различните модели, трендовите – како  Varsity јакните и рамните панталони, кои се и во најголем дел од првата понуда, потоа унисекс облеката, со многу лепенки и разиграна енергија. Сликите од кампањата на Diesel x Diesel, на кои моделите се со големи – зголемени – насмевки ги будат сеќавањата на  рекламата на Diesel “For Successful Living” за идеи за подеднакво провокативни времиња. https://global.diesel.com/unisex/dieselxdiesel//М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...

Comments are closed.