Coperni претстави стаклени фустани, шорцеви за паметење и Swipe Bag направена од килограм злато.

Coperni, футуристички насочениот француски моден бренд, есенва се издвојува со впечатливата колекција наменета за пролетта 2023 година, како и со нови варијанти на нивната најпродавана Swipe Bag. Чантата која својот облик го должи на копчето за iPhone и веќе неколку сезони е омилена меѓу инфлуенсерите, есенва е прогласена за прв избор на французинките. По неверојатната стаклена, неон и златна верзија, за оваа зима се предлага тексас варијанта на Swipe Bag на Coperni.

https://coperniparis.com/

Колекцијата наменета за идната пролет е наречена Coperni Femme, по нивната прва колекција од 2015 година, која всушност е ода на реконфигурираната парадигма на женственоста.

Оценета како моден моментум на сезоната, пролетната колекција на Coperni за брзо време стана вирална. Најдобрите моменти вклучуваа асиметрични блузи и фустани од оригинални материјали, како на пример, од стотици парчиња стакло, што бурно ѕвечкаа при движењето на моделите.

Нивната најпродавана Swipe Bag имаше посебно место на ревијата: претставена е излеана во злато, за и така да го симболизира значењето што го има за брендот. Swipe Bag во злато е дело на златарот Gabriele Veneri, вреди 100 илјади евра и, според зборовите на организаторите, стопена е по прикажувањето на модната ревија./М.М.

 

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.