Cihan Nacar е турски дизајнер познат и ценет во својата земја. На модните недели во Истанбул и Киев неговата колекција за лето 2021 година, на која дизајнерот има работено осум месеци, наиде на големо воодушевување кај организаторите и публиката која настанот го следеше со сите мерки на претпазливост поради пандемијата.

Cihan Nacar

Познатиот дизајнер, кој вели дека инспирацијата за неговите дизајни секогаш ја црпел од уметноста, истакнува и дека во процесот на создавањето ужива во танцот на модата и уметноста. Во земјите што ги посетува, секогаш посетува музеи и уметнички простори воопшто така што можат да го инспирираат архитектонско дело, слика или балетска претстава.

Cihan Nacar

Cihan Nacar својата едукација за модата ја започнува пред две децении, на одделот за мода на Çukurova Универзитетот, потоа на Universidad Politecnica De Valencia за да магистрира на одделот за Fashion Design at Marmara Универзитетот.
Неговата уникатна визија за дизајн и храбрата женска слика го направија видлив и наградуван, како и ангажиран за моден консултант за дизајн за многу водечки турски брендови за костими за капење. Од 2012 година, дизајнерот го основа основа Cihan Nacer брендот – облека за плажа.

Cihan Nacar

Иако се смета дека неговите дизајни на костими за капење се предмет на желба кај жените, во последните две години Nacer создава и романтични, понекогаш и надреалистични колекции./М.М.

Cihan Nacar

Cihan Nacar

Cihan Nacar

Cihan Nacar

Cihan Nacar

Cihan Nacar

Cihan Nacar

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...
Мода

Афродизијак од Tony Ward

Либанско- италијанскиот дизајнер Tony Ward својата есенско/зимска колекција ја наслови со прашањето: Каде е Афродита?, ...

Comments are closed.