Chemena Kamali, новата креативна директорка на брендот Chloé, колекциите ги претставува со тематски рекламни кампањи. Така, за претстојната зимска колекција на Chloé, создаде кампања снимена од David Sims, со која настојува, преку интимни и филмски портрети, да ја долови суштината на жената Chloé.


Колекцијата е со многу модни елементи карактеристични за Chloé: лелеави ткаенини, тантела, занаетчиска доработка и класичен тексас. Смелите додатоци ја надополнуваат облеката.
Во кампањата настапуваат познати модели, меѓу кои Kaia Gerber, Rianne Van Rompaey, Yar Aguer, Rosalieke Fuchs и Diane Chiu.


Визијата на Kamali за Chloé во оваа колекција е спој на класични елементи и современ дизајн како нова, современа интерпретација на наследството на брендот./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.