Кинескиот „моден ветеран„ CherryGun е стилист, инфлуенсер и основач на дигиталниот медиум LoFi.
Појавувајќи се во раните 2000-ти, како кинеска „кралица на ретрото“, Chen Xingru, преименувана во CherryGun, успешно се вклопува и наоѓа во дигиталниот пејзаж, како и во кинеската модна индустрија.

Почна како интернет сензација, за потоа да прерасне во модна блогерка, за потоа да застане на челото на Lofi, авангардната модна медиумска платформа.
По потекло е од Гујанг, провинцијата Гуиџоу и припаѓа на етничката група Бујеи, едно од 55-те малцинства во Кина. Chen вели дека нејзиното воспитување не било под влијание на нејзината етничка припадност. Сепак, богатото наследство што ги опфаќа Јунан, Гуижоу и Сечуан, суптилно влијаеле врз нејзината препознатлива смисла за мода.
Во 2016 година Chen ја лансираше Lofi како платформа за претставување на трендовите на уличната култура, со цел да влијае на младите потрошувачи. Се пишува за најновите случувања во кинеската мода, културните индустрии и важноста на локалните субкултури за еволуцијата.
Дигиталниот медиум набргу се здоби со околу 150.000 следбенци и на Weibo.


Запрашана од магазинот Jing Daily за посакуваната насока за развој на нејзината платоформа Chen вели дека се надева дека Lofi ќе остане локална, со фокус врз локалната култура и врските помеѓу различните домицилни култури. Годинава во Labelhood, платформата за нови модни таленти во Кина, бевме домаќини на уметничка изложба со дела на андерграунд артисти за тетоважи, вели Chen. Користиме улични графити и инсталациска уметност за да ги конструираме субкултурните форми, видени низ очите на Lofi. Нејзините појавувања на платформата се во духот на заложбите који ги застапува./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.