МодаТрендови

Chanel Couture – приказна за модната магијата на копчињата

Chanel ја претстави својата Couture колекција за пролет/лето 2024 година со волшебен наратив на „Копчето“ (The Button). Копчето е визуелна приказна која служи и како доказ за сложенотоста на сето вткаено во секој модел на Chanel.


Во декорот за ревијата стои џиновско копче со скапоцени камења, симбол на Chanel за создавањето парчиња што се и облека и безвременски уметнички дела. Овој украсен и функционален белег на модната куќа е своевиден микрокосмос на Chanel во кој уметноста се поврзува со полезноста.

Секој изглед раскажува приказна за креативноста, наследството и трајната привлечност на Chanel. 

Virginie Viard, ги покани Kendrick Lamar и креативниот партнер Dave Free во светот на високата мода на Chanel. Заедно, тие му дадоа живот на „The Button“, создавајќи визуелна симфонија која слави хармоничен спој на елеганција со иновацијата.


Колекцијата Chanel Haute Couture не само што ја покажува непоколебливата посветеност на брендот за изработка, туку и ја одразува моќта беспрекорно да ја спои традицијата со современите влијанија. Огромното копче со скапоцени камења, мотив што се повторува, ја симболизира мајсторијата на Chanel во создавањето парчиња кои не се само облека, туку и безвременски уметнички дела.


Амбасадорката на модната куќа, Margaret Qualley, ја претстави моќната и деликатна суштина на колекцијата на висока мода. Во оваа колекција, секој бод е потез со четка, а секое копче е симбол на безвременска елеганција./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.