Според Водичот за празнични подароци на модниот бренд Carolina Herrera, нивната празнична колекција – CH Carolina Herrera претставува вистински спектакл на елеганција.
Водичот, во кој се појавува моделот Lulu Teni, е со модели кои претставуваат спој на класичен празничен шарм и современа мода, симболизирајќи ја посветеноста на брендот кон безвременската елеганција.


Привлечноста е дополнително зголемена со модните додатоци – чантите Doma Insignia и Lacito Insignia, со леопард принт. Празничниот дух го надополнува кадифениот мебел украсен со логото на CH со златни детали.


Водичот укажува и на разновидноста на брендот, прикажувајќи ја жената CH Carolina Herrera во облека со животински принт, високи крагни и панталони со широки ногавици. Водичот за празнични подароци на CH Carolina Herrera е продолжение на модниот наратив поставен од нивниот претходен водич со кој лани колекцијата за одмор ја претстави Carа Delevingne./M.M.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.