Charaf Tajer

Casablanca – модниот бренд на самоукиот дизајнер Charaf Tajer, ја претстави својата колекција за пролетта 2022 година, со пригоден моден филм. https://casablancaparis.com/

Дизајнерот, родум парижанец, со мароканско потекло, во тригодишното постоење на Casablanca има освоено бројни признанија и награди, меѓу кои и наградата на конгломератот ЛМИХ, посочува дека идеите за своите колекции ги добива од присуството во ноќните клубови на француската метропола.

Charaf Tajer

Како ко-сопственик на ноќниот клуб, Le Pompon, Tajer не само што добро ги познава забавите туку и облеката што и ја гледал и што посакал да ја види.  Во просторот помеѓу денот и ноќта, танцот и забавата, во кој дизајнерот ги замаглува родовите линии, неговата муза е  Sid – претставник на новата мажественост, додека жените се повеќе како амазонки.  Сето се гледа и на неговата пролетна колекција за летото 2022.

Charaf Tajer

Најочигледното влијание врз колекцијата е, сепак, движењето Мемфис, создадено во Милано, во 1980-тите. Светлите бои и цртаните форми на Мемфис, Tajer суптилно ги преведува од пастелна до светла палета на повеќето модели.  На подлабоко ниво, инспирацијата и славењето на Мемфис е и славење на Karl Lagerfeld, човек кого Tajeн го смета за татко на модерната мода.

Charaf Tajer

Силата на Casablanca не во нејзиниот фокус на забави, туку на играта – и не само во смисла на спортски активности. Смислата за игра е состојба на умот – и суштината на младоста, на модниот грал./М.М.

Charaf Tajer

Charaf Tajer

Charaf Tajer

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.