Carolina Herrera

Дизајнерот на Carolina Herrera, Wes Gordon, пролетно-летната колекција 21  ја создава во уверување дека пандемијата нема трајно да ги откаже специјалните настани: „Жените сè уште доаѓаат по облека со која сакаат да направат пресвртница, да одбележат некој настан – сè уште постои желба по облека што создава незаборавни моменти “, изјави Gordon, во обраќањето по повод новата колекција, од само-изолација, од неговата куќа во Конектика.

Промените, условени од состојбата со пандемијата, сепак ,се рефлектираат во неговата пролетна колекција, иако тој ги спомнува и своите музи како Mia Farrow, Sade, и самата Mrs. Herrera. Сепак, генерално гледано, сензибилноста е повеќе младешка и повеќе кежуал од вообичаено, иако притоа е задржана и елеганцијата и грациозноста што се наследство на основачот на Модната куќа.

Фото сесијата е направена во објектот на поранешната Williamsburgh Savings Bank. Gordon зборуваше за задоволството на процесот на создавањето на колекцијата, како и за сите мајстори, занаетчии кои учествувале во изработката.“Ова е мојата омилена колекција, откако работам во Herrera,” нагласи дизајнерот. Задоволството од создавањето е апсолутно видиливо.

Carolina Herrera е модна куќа именувана по нејзиниот создавач – модната дизајнерка родум од Венецуела, со  долгогодишна кариера и живот во САД. Поради исклучителниот личен стил, Carolina Herrera е позната по облекувањето на првите дами на САД и тоа од Jacqueline Onassis, Laura Bush, Michelle Obama, до Melania Trump. Повеќе пати наградувана, Carolina Herrera е добитник на повеќе награди, меѓу кои и: Designer of Excellence Award, CFDA Founder’s Award, Glamour Award и на The Fashion Force. Carolina Herrera е автор на книгата 35 Years of Fashion, за своите години творештво во доменот на високата мода./М.М.

 

 

 

 

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Wild West на Zuhair Murad

За неговата Wild West колекција наменета за периодот пред есента 2022 година, дизајнерот Zuhair Murad, ...

Comments are closed.