Се чини како дијамантите да тонат во меките перничиња од бисери
Откако минатата година ја прослави десетгодишнината од нејзиниот истоимен бренд, Мелани Георгакопулос сакаше да ја одбележи со нова колекција накит, насловена како „Карати“, во која за прв пат обработува на нов начин природни бисери и дијаманти.
Во игра е текстурата во која Георгакопулос ги обединува двата материјала, па тврдите дијаманти изгледаат како да тонат во меки перници од бисери. Дијамантите, навидум само притиснати, ги следат законите на гравитацијата и го принудуваат мајсторот да се откаже од нивна контрола. „Губењето на контролата беше чувство што го имав од почетокот на Ковид-19 и за мене беше важно да најдам начин тоа да го покажам и во мојот накит“, вели Георгакопулос. На крајот на краиштата, „губењето контрола“ не само што ја одразуваше ситуацијата со Ковидот во која се најдовме сите, туку, исто така, резултираше со прифаќање и надеж дека на крајот сè ќе биде во ред. Многу сум среќна со техниката и со крајниот резултат – пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу дијамантите и природните бисери, вели Георгакопулос.
Деталните информации за новата колекција се на : www.melaniegeorgacopoulos.com/М.М.