Премиерното издание на „Candlelight“ – концертот под свеќи, на камерниот оркестар Профундис, ќе биде одржан на сцената на Македонската филхармонија, на 12 април, со почеток во 20 часот. Како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен. Под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, Хосен и „Профундис“на публиката ќе и се претстават со делата на Вивалди, Паганини, Холст и Глас.


– Продолжуваме со настојувањата камерниот оркестар „Профундис“ да е иновативен, креативен и модерен. Овој пат, со концерт под свеќи, што во моментов е вистинска атракција во 173 града ширум светот. На наше големо задоволство како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, кој ќе ги изведе четирите годишни времиња од Антонио Вивалди, како и I Palpiti“, делото на Никола Паганини – кое многу ретко се изведува поради специфичната техника, изјави маестра Дашиќ.


Марио Хосен, познат по својата неспоредлива виртуозност, ги краси престижните сцени ширум светот, заедно со врвни оркестри, како Лондонската филхармонија, Виенскиот симфониски оркестар и многу други. Со голема страст за светското музичко наследство, Хосен се фокусира на делата на Николо Паганини, во настојување да биде еден од најистакнатите толкувачи на неговата музика.
„Candlelight“ – концертот под свеќи, музичките критичари го опишуваат како уникатно искуство каде што традиционалниот концертен амбиент се трансформира во врвно музичко доживување. Амбиентот овозможува подлабока врска помеѓу публиката и изведувачите, создавајќи извонредно концертно искуство.
Влезниците се достапни преку продажната мрежа на МК Тикетс во државата или онлајн на следниот линк: https://mktickets.mk/event/candlelight/
Камерниот оркестар „Профундис“ постои веќе три години, а во него членуваат истакнати македонски инструменталисти што се дел од Националната опера и балет и Националната филхармонија.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.