Инфлуенсерката Марис Џолин, во соработка со модната куќа Линеа, создаде колекција на компатибилни парчиња облека, наречена by.maryse, која нуди одговор на вечното прашање на жените – што да облечам?
Претставувајќи ја својата колекција Џолин истакнува дека во дизајнирањето се води од потребите на клиентот.
Така и овој пат, се прашав што и треба на секоја жена? Да биде убава, да се чувствува сигурно, да и биде удобно, да и биде практично и да заштеди! Целта е постигната! Направивме парче облека кое ќе биде соодветно за пет различни пригоди, вели дизајнерката, која инаку е дипломиран архитект и инфлуенсерка со околу 40.000 следбеници на социјалните мрежи.
Кога за нечија инвентивност се има трпение и сенс да се препознаат нечии движечки идеи и размислувања, резултатите создаваат една синергија која раѓа нешто ново. Тоа сме ние, Јас и Линеа, истакнува Џолин. Тие – Линеа, препознатливи на европскиот пазар по оригиналноста и практичноста на своите дизајнерски решенија, со врвен квалитет, и јас – архитект кој умее архитектурата да ја внесе во светот на модата и да направи уметност во движење!
Предлагаме наше решение за вечното прашање на жените – што да облечам? Едно парче облека – пет различни решенија. Лесно, удобно, оригинално, пријатно, посакувано! Бидете различни! Бидете практични! Бидете модерни,порачува Марис Џолин, која во јавноста е позната и по своите уникатни модни видеа и транзиции на социјалните мрежи, а сега и официјално, претставувајќи својата линија – by.maryse, во соработка со модната куќа Линеа.
Своето слободно време г користи на социјалните мрежи за, како што посочува, да им помогне на девојките поубаво да изгледаат, со секојдневни совети за модата и убавината. Препознатлива е и по умешноста секое парче за носење да го трансформира на повеќе начини, па така и не изненадува фактот што парчињата од новата, by.maryse колекција, можат да се носат на 35 начини./M.M.