Во време во кое пандемијата продолжува да го крши системот на модните ревии, се поставува прашањето каде се помалите брендови и како тие се вклопуваат во една ваква ситуација? Обидувајќи се да најде соодветен деловен одговор, американскиот дизајнер Brandon Maxwell во своето претставување на пролетно-летната колекција за годинава ќе забележи: „За волја на вистината, 2020 беше многу тешка година. Правев анализи на минатото и се прашував каде оди мојот живот. Видеото направено по повод новата колекција ја потврдува оваа моја, но само и моја борба.
На почетокот, тоа е еден вид егзистенцијален дијалог помеѓу конфузијата и надежта. На крајот, со Lady Gaga и нејзината „Слободна жена“, завршува преставувањето на претежно црната облека и настапуваат модели во јасни, основни бои, што претставува потврда дека на крајот надежта победува.
Maxwell, кој беше ко-режисер на видеото, го пресоздаде безмалу секој аспект на модната ревија во живо, сè до озборувањата во кулисите и соопштенијата на шефот на ПР преку слушалки. Дури и без публика, моделите даваа се од себе, позирајќи само пред рефлекторите. Maxwell го нарече проектот „чин на оптимизам“. https://www.brandonmaxwellonline.com
Во услови на работа од дома, дизајнерот стави акцент на нега и развој на телото, на што се обрнува внимание во ова време. Кога повторно ќе зачекорат во светот, моите клиенти ќе сакаат да изгледаат убаво облечени, рече тој. Оваа колекција ја синтетизира таа состојба на умот.
Maxwell е дизајнер кој живее и дише за своите ревии. Тие модни настани се едни од најубавите моменти на Њујоршката модна недела, публиката тоа секогаш јасно го покажувала во изминатите пет години, колку што е тој на сцената. Дизајнерот тоа секогаш го ценел и секогаш го изнесувал својот студиски тим пред јавноста./M.M.