Brad Pitt беше зафатен летово со промоција на неговиот нов филм Bullet Train и во таа функција сите можеа да го видат во специфична облека од лен: од здолниште до палта во исклучително силни бои. Холивудската ѕвезда често е поврзувана со модата, во различни подови и причини но никогаш како сега – во улога на создавач на модна линија и на сопствен бренд.

God’s True Cashmere е токму тоа – модна линија и нов бренд. Brad Pitt е коосновач на новата линија на облека од кашмир, заедно со блиската пријателка Sat Hari, дизајнер на накит и холистички исцелител. Нивната нова колекција деновиве започна да се продава во Selfridges, во Обединетото Кралевство.
Приказната за потеклото на God’s True Cashmere, тивко лансиран уште во 2019 година, е далеку од стандардна. Истовременото размислување на тема зелен кашмир Sat Hari и Pitt го прифатиле како знак од космосот, па решиле да влезат во заеднички бизнис.
Модната линија подразбира облека од чист кашмир, произведен во Италија, со предива добиени од фарми за кози во кои се запазени етичките стандарди во односот кон животните. „Би сакале да имаме сопствени фарми за кози, вели Sat Hari за Вог, а Brad Pitt: „ и да им дадеме имиња на сите наши кози“. За сега брендот продава тренерки, како и карирани кошули во различни бои, за кои се верува дека ќе бидат потпис на God’s True Cashmere.

Иако брендот засега има тесен фокус, со тоа што акцентот е ставен на квалитетот на предивата, на етичките стандарди, како и на интересните комбинации на бои, се верува дека ќе има добар прием на пазарот.
Со оглед на тоа што Sat Hari е холистички исцелител и дизајнер на накит на Амрит, таа ја наполни колекцијата со украсни детали кои се фокусирани на благосостојбата. Сите кошули, на пример, имаат 11 прилепувања – седум надолу, и четири на џебот и манжетните – направени од полудраги камења од Индија. „Имаме седум чакри во нашето тело“, вели Sat Hari, „па зошто да не се активираат ? Секоја кошула има различни камења: од тигарско око, месечев камен, аметист, розов кварц, до смараг – и сите се разликуваат во аспектите: здравје, богатство, љубов и мудрост.

God’s True Cashmer веќе собра постојан култ купувачи, во претходниот период, кога во САД, во пандемијата,пробно беа направени првите кошули.
Гледајќи во иднината, основачите имаат планови да ја прошират понудата со ќебиња, капи и чорапи направени од кашмир./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.