По сандалите со потпетица во вид на јазол, претставени како моден додаток на пролетва на Bottega Veneta, креативниот директор Matthieu Blazy, со летна колекција вети продолжување на инвентивната, освежувачка ера на италијанскиот моден бренд. https://www.bottegaveneta.com/en-en
За новото модно поглавје, креативниот директор ја проширува својата фиксација на занаетот, овој пат во изработка на Jimbo slingback сандалите.
Овие сандали се изработени од посебно технолошки обработена гума и претставуваат модерен пресврт на традиционалната силуета на модната куќа која произведува од кожа. Jimbo slingback се развиени од Bottega Veneta, како издржлива алтернатива на кожата со, како што велат, неочекувана модерна привлечност.
Имаат питон принт изглед, во сива и браон боја, како и во интензивните зелена, жолта и виолетова.
Matthieu Blazy верува дека модните додатоци за 2023 годинана Bottega Veneta ќе освојуваат и вирални моменти како и нови купувачи./М.М.