Новиот креативен директор на Bottega Veneta со својата прва колекција ветува неверојатен, освежувачки почеток на новата ера на брендот. По лансирањето на новата апликација за креативниот универзум на Bottega Veneta, Matthieu Blazy ја претстави својата прва колекција како нов креативен директор на брендот, за есен/зима 2022 година. Дебито на Blazy беше несомнено најочекуваниот настан на Миланската модна недела и тој, секако, не разочара.

Дизајнерот се најде инспириран од футуристичката уметност. „ Bottega Veneta во суштина е прагматична, затоа што е компанија за кожни производи. Бидејќи е специјализирана за чанти, се работи за движење, за одење некаде, во основа постои идеја за занаетчиство во движењето. Тоа е повеќе стил отколку мода во својата безвременост. Ова проширување кон облека е дел од нејзината тивка моќ“, рече тој.


Дебитантската колекција на Blazy е уникатно спојување на гламур и утилитарна естетика. Во центарот на колекцијата е разновидноста на кожата, потпис и главен производ за брендот. Ит-чантите на Bottega Veneta беа исто така присутни – новата чанта Kalimero, како и чантата Pillow, беа прененесени низ пистата./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.