Претставени како совршен спој на елеганција и на модерна естетика, новите, Birdee чизми на McQueen откриваат грациозна, текна силуета која завршува со остар „птичји клун„.


Достапни се во две висини на потпетици, изработени од кожа и од еко ткаенина со висок сјај, што ги прави соодветен избор за секоја пригода. Без разлика дали се носат секојдневно или на специјални настани, чизмите McQueen Birdee, како што се истакнува во пригодното промотивно соопштение, ќе додадат допир на софистицираност на есенскиот стајлинг.
Alexander McQueen е британски бренд познат по контрастите: силата и кревкоста, светлината и темнината, иновативноста и традицијата. Моќните контрасти се во срцето на брендот, заедно со беспрекорното кроење и препознатливата конструкција./М.М.

You may also like

Comments are closed.