Beyoncé and Levi’s® ја представија “REIIMAGINE”, рекламната кампања која, според авторите, е смело редефинирање на американската тексас култура.
„REIIMAGINE“ кампањата е и иницијатива – не само што го прикажува иконскиот бренд на фармерки, туку поканува и на разговор за идентитетот и за зајакнување на наративите околу Americana, нагласувајќи го заедничкото културно искуство.

За разлика од традиционалните кампањи кои го романтизираат минатото, „REIIMAGINE“ се обидува да го деконструира и ремиксира. Beyoncé, црна жена со длабоки корени во Тексас, ја реинтерпретира класичната Americana – тексас, каубојска шапка и слики од малите градови; снимени се преку современ објектив, нагласувајќи ја женската сила и креативноста.
Кампањата ги оспорува постоечките стереотипи, позиционирајќи го тексасот како симбол на модерната женственост.
Лансирана глобално минатата недела, кампањата има реализирано дигитални проекции во големите градови како: Сан Франциско, Хјустон и Њујорк, трансформирајќи го тексасот во медиум за културен дијалог. Со поддршка на режисерката Melina Matsoukas и кинематограферот Marcell Rév, рекламите комбинираат елегантни визуелни елементи со субверзивни пораки за наследството и за застапеноста во американската култура. Овој пристап ја надминува модата каква што ја познаваме, поканувајќи ја публиката да се поврзе со подлабокото значење на сликите.
Levi’s® со Beyoncé ги прифаќа своите бунтовнички корени, обмислувајќи го сега тексасот како алатка за зајакнување на жените. Ова партнерство ја зајакнува и посветеноста на Levi’s® да биде дел од културниот разговор, префрлајќи го наративот од едноставно продавање фармерки, кон промовирање на изјава за идентитет и солидарност.
Кампањата „REIIMAGINE“ означува клучен момент и за Beyoncé и за Levi’s®. Некогашната основна американска униформа, тексасот, трансформирана е во платно за самоизразување. Beyoncé не само што ја преобликува сликата на тексасот, туку и ги поканува сите да ја преиспитаат нивната поврзаност со американската култура, поттикнувајќи го чувството на припадност и на заеднички идентитет./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.