Феномен во светот на модата, со досега заработени 25 милиони долари, Bella Hadid е зафатена со развој на производи, иницијативи за одржливост, заштита на животни, маркетинг и пласман на нови производи за нејзината компанија.

Bella Hadid, американската манекенка со палестинско-холандско потекло ја освои наградата модел на годината на Fashion Awards за 2022 година на евент одржан во лондонскиот Ројал Алберт Хол, во понеделникот вечерта.
Hadid не беше присутна на настанот за лично да ја прими престижната награда, но одржа пригоден говор преку своето видео обраќање.
„Облеката не е ништо додека не се оживее со величествениот занает на моделот“, рече моделот Ashley Graham пред да ја објави победата на Hadid над номинираните: Adut Akech, Quannah Chasinghorse, Paloma Elsesser и Lila Moss.
Холандско-палестинската супермоделка е позната и по своите заложби за правата на животните и за менталното здравје, а започна и свое претприемачко патување, градејќи линија на безалкохолни, адаптогени пијалоци.


Кога е во прашање модата, сака и носи винтиџ, има стари модели на Hermès, Versace и Mugler. Jean Paul Gaultier е дизајнерот чија работа ја сака, а ја признава и својата зависност од патики./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.