Парискиот моден бренд Coperni гиискористи течни влакна на Fabrican, за да испрска фустан врз модел от Bella Hadid на својата ревија за пролет/ лето 2023 година, на модната недела во Париз.

Ревијата се одржа во Salle des Textile,s во парискиот Musée des Arts et Métiers на кој со прскање беше направен бел фустан врз телото на манекенката Bella Hadid.
Coperni соработуваше со компанијата Fabrican за да го престави создавањето на фустанот со прскање врз телото на моделот која имаше само во долна облека во месо боја. За 15 минути тимот прскаше бела материја врз нејзиното тело за да формира контура на фустан.

Материјалот за фустанот создаден со спреј е развиен од технолошката компанија за ткаенина за спреј Fabrican, која е основана во 2003 година од шпанскиот научник и моден дизајнер Manel Torres.


Ткаенината на Fabrican е течност составена од природни и синтетички влакна, како што се волна и мохер, памук, најлон и целулоза во зависност од посакуваното чувство, која е суспендирана во полимерен раствор. Течниот раствор се прска врз телото, кој бргу испарува во контакт со површината на која се нанесува и формира неткаен материјал.
По сушењето фустанот се обликуван и скроен на телото на моделот. Текстурата на материјалот наликува на велур и може да се користи за креирање, приспособување и поправка на облека, а истовремено е доволно цврст за повторно да се носи и пере.
Клипови од шоуто соборија рекордни прегледи. Според WWD, за 48 часа по шоуто, вредноста на медиумското влијание на настанот била измерена на 26,3 милиони долари, при што 20,9 милиони долари од таа вкупна вредност се припишуваат на социјалните мрежи./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.