Се случи и вечно актуелната и модерка Barbie кукла да ја видиме во специјална колекција на Balmain и тоа во дигитален формат, во NFT. Имено, Barbie добива дигитална облека подготвена за носење на францускиот бренд Balmain и стапува во светот на дигиталната уметност преку NFT, за автентичните парчиња на колекционерска, дигитална мода да бидат достапни и на аукција, на следниов сајт https://nft.mattelcreations.com/

Проектот Balmain x Barbie NFT е реалириан во соработка со mintNFT.com, а аукција ќе биде достапна за гледање на 11/1 во 17 часот попладне. Претставниците од Барби и Балмејн ќе зборуваат за инспирацијата зад оваа соработка и за неверојатните NFT-и кои се на аукција. Првите регистрирани учесници во акцијата ќе добијат бесплатна колекција Balmain x Barbie NFT ,за кои нема да биде потребен паричник.
На NFT аукцијата ќе бидат три уникатни аватари на Barbie и Ken кои носат ексклузивни парчиња од колекцијата Balmain x Barbie. Понудувачите ќе ги добијат и аватарот и физичката, единствена верзија на облеката.


Уникатните аватари носат облека со монограм и потпис на Balmain и лого Balmain x Barbie.
Како што е познато, NFT незаменливите токени се уникатни, сопственички и преносливи дигитални записи кои користат блокчејн технологија. NFT нудат неколку бенефиции за создавање, издавање и собирање на дигитални записи, вклучувајќи го и непобитниот сертификат за автентичност, односно непроменливиот запис за потекло, сопственост и поддршка на мултимедијални дигитални датотеки./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.