Balmain и Puma го претставија резулатот на нивната втора соработка -капсула колекцијата наречена Balmain x PUMA, со која високата мода се збогатува со спортски дух. Креативниот директор на Balmain, Olivier Rousteing верува дека мешавината на модерните париски шифри на Balmain и емоцијата b-ball ќе создадат совршена комбинација. Многу сум среќен што PUMA се приклучи со мене и мојот тим за да помогне да се докаже таа хипотеза, вели Rousteing.
Дизајните на облеката на оваа мала, капсула колекција ги карактеризира специфичниот париски savoir-faire имплементиран на познати американски спортски силуети.
Во колекцијата посебен дизајн и место имаат универзитетските јакни Balmain Teddy кои често се забележуваа на модните писти на париската модна недела (Paris Fashion Week). Сепак, јасно е дека инстант класиката на оваа колекција, мора да биде елегантната, како црно-златното лого на Balmain.
Имено, најновата колекција на Balmain x PUMA обрнува специјално внимание на историската париска куќа Balmain Court: кошаркарските патики затоа добија златно лого на Balmain, како заштитен знак и на Balmain x PUMA колекцијата./М.М.