Од Balmain најавија ограничено издание на специјалниот дизајн на најпродаваните Unicorn патики. Имено, секој од 130-те пара се поврзани со уникатниот Balmain x Space Runners Unicorn NFT.
Новата понуда на Unicorn се враќа на првичните дизајнерски инспирации на најпродаваните патики. Имено. кога уметничкиот дриектор на Balmain, Olivier Rousteing, за првпат почна да го дизајнира Еднорогот (Unicorn), започна со рифови на елегантни линии на најимагинативните дела на барокните мајстори.
Со патиките доаѓа и новниот Unicorn NFT, дигитален уред за носење на различни нивоа и карактеристики, како и пристап во „моден метаверс“, свет на игри на Space Runners.
Balmain е подготвен за Web3 и NFT, а ова претставување го означува првиот Balmain уред што може да се носи и во виртуелниот свет. Тоа е исто така првиот NFT што може да се купи со користење на фиат валута и нивна прва целосна NFT колекција.
Овој проект ќе дебитира на NFT.Paris конференцијата, само неколку дена пред ревијата на женска облека на брендот, планирана на први март, на модната недела во Париз. Реализаторите на проектот се оптимисти иако во последниве месеци и NFT и пазарите на патики се соочија со заситеност и забавување на моментумот што во исто време е и разочарувачки и неодминливо./М.М.