Париската модна куќа Balmain во пресрет на своите јубилеји, традиционално нуди и современи погледи врз своето 75-годишното наследство.
Така, дизајнерска облека за жени, создавана од легендарниот Pierre Balmain, за пролетва ја преработува и пресоздава уметничкиот директор Olivier Rousteing. Неговиот предлог претстава разгорување на старите пламени на мајсторот на дизајнот, Pierre Balmain. Пламениот мотив е имено поставен на повеќе парчиња на мазната, елегантна и лелеава колекција со привлечна опасност во дизајнот – како потсетување на незаборавно минато.
Во белешките на сајтот се посочува дека најновите парчињана Balmain се со софистицирани креации. Деталите се впечатливи, здолништата и фустаните прецизно изработени, а панталоните стручно, занаетчиски скроени. Легендарната Balmain јакна, со структурирани раменици и елегантни линии, како и најновиот Balmain блејзер, со своите добро познати шест златести копчиња, остануваат токму како и некогаш – енергична секојдневна облека.
Направете храбра гардероба во препознатлив монохроматски стил, повикуваат од модната куќа и додаваат: „Графичките линии ја прикажуваат силуетата, рефлектирајќи го препознатливиот талент по кој Balmain е толку добро познат. Ослободете ја вашата експресивна природа во долг фустан кој хипнотизира и придружете се со безвременска чанта на Balmain. Додајте го совршениот допир со разигран пар чизми од Balmain, инспирирани од фасцинацијата на Pierre Balmain со Ренесансата„.
РЕАКЦИЈА НА ПЛАМЕН
Мазна, елегантна и само со совршен додаток на привлечна опасност – редоследот на дизајните со пламен мотив на Оливие Рустинг помогнаа да се затвори пистата за готови за носење пролет 2023 година на куќата со незаборавно шушкање./М.М.