Модниот бренд Balenciaga ја трансформира својата продавница Mount Street во Лондон, во розово вештачко крзно, создавајќи максималистички изглед за да ја лансира својата колекција Le Cagole.

За да ја прослави својата популарна чанта Le Cagole, која се однесува на максималистичките It Bags на Balenciaga од минатото, и да ја лансира колекцијата на додатоци и чевли на линијата, целата внатрешност на продавницата е покриена со вештачко крзно.
„Линијата, која сега вклучува повеќе чанти, паричници и чевли, повторно ги измислува кодовите на Balenciaga, во традицијата на максималистичките It Bags од друга ера“, објаснуваат во Balenciaga.


Le Cagole е дизајн на креативниот директор на Balenciaga, Demna.
Колекцијата Le Cagole, која првпат беше лансирана како колекција на чанти, сега се прошири во голем број различни торби, чевли и чанти./М.М.

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.