ДИОР

Dior ја претстави колекцијата пролет/лето 2021 година за момчиња, девојчиња и бебиња во својата линија Baby Dior. Облеката од новата понуда е создадена како креација на уметничкиот директор Kordelije de Kasteljan. Презентирајќи ја идејата за „иднината на светот преку детски очи“, колекцијата испраќа пораки за мир, љубов и солидарност. Претставените парчиња се прилично едноставни и содржат минимални детали, а комплетирана е со дуксери, панталони и чевли на Dior. Логото е претставено на речиси сите парчиња, од маички до џемпери./M.M.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.