Чудесната силуета на „Finger Flop“папучите, што на 15 август ќе се најдат во продажба и тоа во ограничено издание, резултат е на соработката на AVAVAV и YUME YUME. Добиени се со спојување на дизајнот на чизмите до глужд со четири прста на AVAVAV, со масивните форми на обувките на YUME YUME. Создавачите велат дека се уникатна комбинација на удобност и стил!?
Според соопштението за “Finger Flop,” соработката на производителите на обувки ги наоѓа своите корени во заедничкиот стремеж за ослободување на модата од ограничувањата наметнати со традицијата. Резултатот, како што тврдат создавачите, се папучи што несомнено привлекуваат внимание.
Колекција содржи четири различни варијации на папучитеод вештачката кожа на YUME YUME, секоја е со четири прста и со AV монограм. По цена од 190 евра папучите ќе биде достапни онлајн, од 15 август, на веб-страниците на YUME YUME и AVAVAV.
YUME YUME YUME YUME е холандски производител на обувки кој создава уникатни дизајнерски парчиња за сите креативци во светот… за, како што велат самите, луѓе који се осмелуваат да замислат и да градат сопствена околина. Акт на љубов кон оригиналноста. https://yumeyume.eu/
На сајтот на брендот AVAVAV, кој се занимава со креативен дизајн и има седишта во Фиренца и во Стокхолм, новите папучи се веќе преставени за пред продажба и тоа во комбинација со чорапи: https://avavav.com/