Поттикнат од комуникацијата преку различни дигитални хибриди за време на пандемијата, John Galliano одлучи, во претставувањето на својата најнова колекција Artisanal за Maison Margiela, белата писта да ја замени за дигитализиран перформанс во кој модата е надополнета со видео, на кое пак се надоврзува театарскиот израз.
Така, синојка е реализиран Cinema Inferno, мултидисциплинарната фантастично костимирана американска психо-драма, со соништа и кошмари што се случуваат на сцената, екраните и преносот во живо од Palais de Chaillot. Музите на Galliano – актерската екипа која работеше со него во текот на пандемијата – и неколку големи супермодели, синхронизирани со сценариото, ги следат несреќите на љубовниците во бегство.
„Тие се Hen и Count, возат низ митска пустина во Аризона. Тие се застрелани“, раскажува Galliano. „Спектрални каубојци“ доаѓаат да ги нападнат. Тие се всушност претставници на различни облици на злоупотреба на моќта, без оглед дали се работи за судија, проповедник, медицината…
Во театарот се поставени неверојатни облеки кои чекаа да ја отелотворат крвавата, романтична приказна од пастел тул, брутално изкроени во стилот на приказите на високата мода од 1950-тите и американската матурска сцена.
Galliano е познат по кроењето и изработката уште од времето кога беше во Christian Dior – па дури и порано. Од деновите на неговата истоимена колекција, идеите што се вртат околу ликовите од 20-тите до 50-тите години ги населуваат неговите колекции, како и деконструкцијата и реконструкцијата на облеката од тој период. Така перформансот во секоја смисла е сместен во менталниот пејзаж на Galliano.
Многу повеќе од ова само-откривање ќе се случува идната година, кога ќе биде представен документарен филм за Galliano, направен од режисерот Kevin Macdonald.
Cinema Inferno, мултидисциплинарната фантастично костимирана американска психо-драма може да се проследи на следниов линк: