Италијанската луксузна модна куќа Dolce&Gabbana ги претстави своите колекции Alta Moda, Alta Sartoria и Alta Gioielleria во Alula, во Саудиска Арабија.

Историскиот град Alula, сместен на северо-истокот на Кралството, беше центар на високата мода .
Моделите на пистата преставија класично – луксузни тоалети во речиси секоја боја што може да се замисли: од живописно златно – кое непречено се вклопуваше со историската локација – до впечатливи жешко-розови дизајни.


Ревијата започна со фустани инспирирани од облека за принцези. Италијанското дуо Domenico Dolce и Stefano Gabbana за колекцијата користеше исклучително богати ткаенини: како сатен за војвотки, кадифе, органза и шифон, со богати везови и украси со монистри.
Во колекцијата имаше и блескави дизајни за мажи, во сатен и свила, што инаку е тренд во високата мода за почетокот на 2022 година.
За прв пат модната ревија на Dolce&Gabbana се одржа заедно со модното коњско шоу на Ikmah (Fashion Cavalry Show, кое беше замислено и продуцирано од Balich Wonder студиото.
Парадата на 12 арапски коњи, со приспособени додатоци и облека за коњи предизвика вистинско воодушевување кај публиката.
На настанот учествуваа модни дизајнери и модни блогери, стилисти и претприемачи од целиот регион. Секоја од познатите личности се појави на Инстаграм за да сподели клипови од шоуто со своите илјадници следбеници. „Какво неверојатно искуство“, напиша Мосали на социјалните мрежи по настанот.
Dolce&Gabbana ја изложија својата единствена колекција и во Maraya – познатата структура со огледала, каде што посетителите имаа можност и да купуваат парчиња од колекцијата./М.М.

Целиот настан може да се проследи на следниов линк:

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.