Додека оваа генерација продолжува да ги користи медиумите со неверојатно темпо, Alexander McQueen со својот концептуален филм се обидува првиот да даде одговор на прашањето за тоа дали модните видеа се иднината на индустријата. Прикажувајќи ја торбичката со скапоцени камења, една од најкарактеристичните модни додатоци на брендот, дизајнерот ја открива суровоста и нервозата на времето, како и на сè друго во светот на Меквин.
Видеото од пет и пол минути ја следи шкотската музичарка Lucia Fairfull, која неодамна е прогласена за заштитно лице на кампањата на Alexander McQueen за сезоните пролет/лето 2022 година. Таа се движи низ местото за рок музика наречено Barrowland Ballroom во Глазгов, Шкотска. Донекаде пригодни, многу снимки се фокусирани на прстите на Lucia Fairfull, тетовирани со текстот „Show Girl“, додека таа ја прикажува чантата под нејзините дланки.
Легендарната режисерка Sophie Muller, која го има направено филмот, за впечаток главно снима во црно-бело, со кратки клипови во боја. За филмот таа одбра да се држи до три класични нијанси на црна, црвена и бела. Видеото пренесува интензивна енергија што ја отелотворува панк рок-работ што секогаш го носат производите на Alexander McQueen.
Освен ова, Alexander McQueen планира да објави серија модни видеа во текот на оваа и идната година. Идејата е токму низ вакви куси модни филмови да се преобликува модната индустрија./М.М.
Модниот филм е на сајтот на дизајнерот https://www.alexandermcqueen.com/en-us/lucia%3A-the-jewelled-satchel