Во повикувањето на минатото и повторното поврзување со најраните денови кога Sarah Burton работела со Alexander McQueen, дизајнерката викендов претстави драма и сила и многу опции за сите кои сакаат есенва да се облекуваат едноставно – поинаку.
https://www.alexandermcqueen.com/en-gb
Во сезона кога враќањето на вреднувањето на дизајнерите кои можат се искачат високо на модната агенда, Sarah Burton повторно докажа дека куќата на Alexander McQueen е токму таму горе, со најдоброто. Во Париз, таа го одбра вистинскиот момент за да ги потсети луѓето на острината и на извонредноста на кроењето – за жени и за мажи – и на изразот на мрачната експлозивна имагинација во ателјеата на Alexander McQueen.
Во колекцијата се гледа на анатомијата – на анатомијата на кроењето, посочува Sarah Burton зад сцената и нагласува дека се работи за некогашното кроење – назад во минатото, речиси на почетоците на McQueen.
Naomi Campbell, во црн комбинезон со превртен корсет, го предводеше представувањето на беспрекорните црни костуми, со бели кошули и црни вратоврски, како и на модифицирани фустани, без прерамки. Строгоста во изразот се јавува како тема на сезоната; прецизноста и контролираната напнатост се зад љубезноста, кадешто сепак, ништо не е баш онака како што изгледа.
Идејата на Burton за проучување на телото во облекувањетоја води до анатомските цртежи на Leonardo da Vinci. Запознавањето со нив е користено напати, во трансформираните и сублимирани асиметрични отпечатоци кои на некои места изгледаат како џиновски орхидеи.
Огненото црвено и сребреното ја осветлија облеката за специјални пригоди и вечерни излегувања, сосема во стилот на раните творби на Sarah Burton со Alexander McQueen./М.М.