Креативниот директор Alessandro Michele ја напушта италијанската модна куќа Gucci, најголемиот бренд на француската луксузна групација Kering.
По седум години на чело на креативниот тим на Gucci и по тензиите меѓу него и високото раководство на Kering, можеби е време за промена, велат добро упатени извори за Ројтерс. Се чини и дека веќе е формиран консензус меѓу институционалните инвеститори, околу новиот пристап за заживување на брендот.
Gucci е бренд што од пандемијата губеше моментум и доколку бргу не се постави некој одговорен, брендот ќе изгуби уште поголем импулс, истакнуваат познавачите.


Gucci планира следната година да се врати во целосниот моден календар, а тоа подразбира создавање и промоција на шест колекции. Тука се и единствените резерви во врска со датумот на заминувањето. Имено, веста за заминувањето на Michele доаѓа во време на празнична сезона и клучните, јануарски модни ревии.
Инаку, Alessandro Michele е креативен директор заслужен за оживување на популарноста на Gucci со раскошни и родово-флуидни стилови./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.