AirCar, автомобил-авион со двоен режим доби официјален Сертификат од Словачката транспортна управа, по успешното завршување на 70 часа ригорозни тестирања на летови, компатибилни со стандардите на Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA), со над 200 полетувања и слетувања.
Предизвикувачките летачки тестови го вклучија целиот опсег на маневри за летање и перформанси и покажаа неверојатна статична и динамичка стабилност во режимот на авион. Процедурите за полетување и слетување беа постигнати дури и без потребата на пилотот да ги допира контролите на летот.


Потребен беше тим од осум експетри и над 100.000 работни часови за да ги претворат дизајнерските цртежи во математички модели со пресметки за анализа на CFD, тестирање во тунел со ветер, прототип на дизајн 1:1 напојуван со 15 KW електричен мотор, до 1000 кг., две седишта, со 1,6L BMW мотор со кој е добиен сертификатот.
AirCar е дизајниран да изгледа како елегантен спортски автомобил кој работи на бензин што можете да се купи на која било бензинска пумпа. Уште во јуни, AirCar заврши 35-минутен лет меѓу меѓународните аеродроми Нитра и Братислава, во Словачка, пишувајќи историја во овој домен.
AirCar остана на идејата за традиционален автомобил кој може да се трансформира во авион без многу мака. Направен од Klein Vision, на AirCar му се потребни само две минути и 15 секунди за да се претвори од спортски автомобил во лесен авион способен да лета со брзина од над 160 километри на час. Сè што треба да се направи е да се притисне едно копче и летечкиот автомобил да се трансформира.

Според Klein Vision „AirCar сертификатот ја отвора вратата за масовно производство на високоефикасни летечки автомобили“, вели Stefan Klajn креаторот на AirCar. „Тоа е официјална и конечна потврда за нашата способност засекогаш да го промениме патувањето на средни релации. Доколку се оди според планот, словачкиот гениј тврди дека AirCar ќе започне со производство во следните 12 месеци, се вели во соопштението на нивниот сајт./М.М. https://www.klein-vision.com/

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.