На штотуку завршената невестинска модна недела во Барселона (Barcelona Bridal Fashion Week) свој настап имаше и полската дизајнерка Agnieszka Światły. Таа создава од 2005 година, а со својата посветеност и перфекционизам, безмалу две децении изненадува со различни, модерни колекции. Нејзиниот интерес за силуетата на жената и внимателниот избор на ткаенини и додатоци ги издвојува нејзините фустани како уникатни, како кај невестинските, така и во свечените тоалети.
Сите нејзини дизајни, вклучувајќи ја и невестинската колекција за сезоната 2025, резултат се на модерен дух, во спој со врвна елеганција, што клиентите го ценат не само во Полска, туку и во странство.


Како што самата посочува, креирањето уникатни венчаници е нејзина страст и претставува огромно задоволство што може да го сподели со своите клиенти. Деталите за претставувањето на колекцијата се на: https://agnieszkaswiatly.com/
Инаку, Невестинската недела во Барселона (BBFW) од година во година прераснува во најголем дигитален пазар на невестинска облека. Годинава над 400 модни куќи ги претстаија своите колекции за идната пролет на модните писти, дигитално и интерактивно. Вредностите како што се различноста, интеграцијата и одржливоста станаа дел од начинот на чувството на разбирањето на модата на BBFW.


https://barcelonabridalweek.com/

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.