Adidas и LEGO с

Adidas и LEGO групацијата ги здружија силите за да внесат повеќе забава во трчањето. Оригиналните LEGO® плочи, можат да се менуваат и комбинираат, а во продажба ќе бидат за околу три недели.

Доколку можете да ги сонувате, можете и да ги направите, порачуваат на сајтот на Adidas, претставувајќи ги новите патики за трчање, резултатот од партнерството со LEGO®:  https://www.adidas.com/us/adidas-ultraboost-dna-x-lego-plates-shoes/FY7690.html

Само погледнете ги патиките Adidas Ultraboost, создадени пред пет години, со Boost подножје, како и впечатлив горен дел  на Adidas Primeknit, што и денес ја продолжуваат и одржуваат водечката технологијата за трчање.

Новите патики се сега надополнети со три LEGO® ленти, на кои ќе можат да се додаваат различни лего-коцки, за нивна персонализација, едновремено задржувајќи го препознатливиот изглед, а со цел да ги прослави сите „градители и сонувачи кои ја менуваат играта на свој начин„ како што пишува во промоција на патиките. Стапнете напред и сонувајте – вашето најдобро трчање почнува со токму таков прв чекор, порачуваат создавачите на новите патики.

Посебно внимание е посветено на обновливоста: новиот производ е направен со Primeblue, рециклиран материјал со високи перформанси, делумно направен со Parley палстика од океанот, како и од  Primeblue предиво, без нов полиестер./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...
Мода

Афродизијак од Tony Ward

Либанско- италијанскиот дизајнер Tony Ward својата есенско/зимска колекција ја наслови со прашањето: Каде е Афродита?, ...

Comments are closed.