Adam Selman, еден од најпродуктивните американски дизајнери, за летово направи капсуларна колекција на костуми за капење, прва во неговата дизајнерска кариера, како и црни и бели хеланки со леопадров принт. Успехот на неговите спортски колекции, а ги имаше вкупно осум во изминатите три години, направија да ги прошири своите дизајнерски погледи и на облеката за плажа.
Хеланките со француски крој, со висок струк, со обложени гаќички и ткаење со кое се стегнува и подигнува задникот, имаат и скриена мека еластична лента што при движења останува на место. Се работи за најпродавани хеланки, во кои кожата непречено дише.
Ripcord едноделните и дводелни костими за капење се од еластичи материјали и додатоци со кои се прави прилагодување кон телото. Micro Floral принтот со светлите, блескави бои, им дава посебност и оригиналност на бикините.
Паралелно со новата колекција, на сајтот на дизајнерот е во тек голема летна распродажба./М.М.
Деталите се на https://adamselman.com/collections/sale-1