Дизајнерите Kirk Pickersgill и Stephen Wong, во студиото во Торонто, неуморно концептуализираат, истражуваат и ја предизвикуваат современата модата, низ колекциите на нивниот бренд Greta Constantine, создавајќи свои видувања за облеката на жената утре.
Недостатокот на настани на црвениот тепих, поради здравствените ограничувања, не преставуваше пречка моделите на Greta Constantine да се појават на сите вистински места. Блесокот на сафир сина боја и контрастот со златните чизми, како и тиркизните наметки со сини машни и златни чевли можеа да се видат во јавноста на познатите личности, потврдувајќи дека пролетната колекција го нашла патот до поддржувачите на брендот.
На прославата на 15 годишнината од основањето на Greta Constantine, дизајнерите Pickersgill и Wong ја истакнаа помошта на луѓето од тимот во создавањето на брендот и во остварувањето на нивните животни сништа. Беше посочено дека тие цели се остварени и дека е време за нови предизвици.
Историјата е и останува во фокусот и на нивната најнова – есенска колекција. Сатенот во зелена, сина, црна и златна боја како да потсетува на потеклото од Јамајка на дизајнерите, додека винтиџ хитовите, односно асиметричните наметки и високите корсети, беа ремиксирани со блескави нијанси на злато, или, во комбинација со метални чизми, за да го зголемат „вауууу„ ефектот.
Greta Constantine е колекција на женска готова облека со седиште во Торонто, Канада. Основана во 2006 година од дизајнерите Kirk Pickersgill и Stephen Wong, го носи името на мајката на Wong и на дедото на Pickersgill. Колекцијата е достапна во повеќе од 40 бутици и бројни малопродажни линии ширум светот. Работат во студиото во Торонто, каде што концептуализираат, истражуваат и ја предизвикуваат современата модата за жената на иднината./M.M.