Американскиот дизајнер Daniel Roseberry создаде драматична колекција на висока мода за Schiaparelli во Париз. Неговиот прекрасен накит и обемни силуети привлекуваат внимание и предизвикуваат восхит, будејќи го и интересот на љубителите на уметноста. Модниот дизајнер е несомнено повеќе од тесно поврзан со уметничката авангарда, која нему е блиска но едновремено е и составен дел од историјата на модната куќа.
Еден дел од колекцијата, наречена Модата на Матадорот, се фокусира на телото и на накитот, бидејќи накитот е изразен клучен елемент на визуелниот речник на модната куќа. Дизајнерот го опишува како дијалог помеѓу тврдото и мекото, машинско и човечко, металот и ткаенина. Оваа колекција е силно емотивна приказна, силна како и вљубувањето. Како дишењето, што ќе го инспирира авторот да создаде нежен пар човечки бели дробови, навидум изработени од мрежа од капилари натопени во злато, обиколени со тешка црна наметка.
Тука е и фустанот со долги ракави, со деколте дизајнирано да го открие позлатениот ѓердан од месинг во форма на trompe l’oeil бели дробови. Тие се дополнително украсени со пенливи столбови, создавајќи надреалистичко парче кое исто така изгледа како гранки или корени на дрво.
За дизајнерот, накитот станува прекрасен вез. Тој ги користи сите тропи на Schiaparelli, изработени рачно во златото инспирирано од модната куќа Giacometti.
Roseberry користи многу рециклирани материјали за колекцијата, правејќи ја секоја креација единствена. Изгледот создаден од скулптура од цвеќиња со позлатено тело беше направен од уметникот Michel Carel и требаа неколку месеци за да биде завршен.
Моделот муза на Daniel Roseberry, Maggie Maurer, носи златна шапка, инспирирана од матадор, извезена со кристали и бисери, јакна со деколте во облик на два гулаба. Таа е и во рачно изработениот градник од накит во форма на букет цвеќиња. Долго здолниште обвиткано со црна свила потсетува на некои од изгледите на основачот на модната Schiaparelli но и на уметноста во раскошниот надреализам на Daniel Roseberry./М.М.
Модниот филм го доловува овој дел од колекцијата: