МодаТрендови

Младиот американски дизајнер Daniel Roseberry создава надреалистичка мода за модерната ера

Daniel Roseberry

Daniel Roseberry, првиот американец кој води француска модна куќа и ја дизајнира облеката на Лејди Гага, во колекциите создава надреалистичка мода за модерната ера која предизвикува голем интерес во модните кругови.

Така, посетителите на салонот на Schiaparelli, на Place Vendôme, имаат можност да видат венчаница, направена од 70 метри бела, кертриџ набрана, тафта. Daniel Roseberry, креативниот директор на модната куќа посочува дека барањата на клиентите за надреалистичка мода се бројни, а интересот голем.

Daniel Roseberry

Невестата на Roseberry е претставник на она што дизајнерот го опиша како „новиот вид на убавина“ што го преставува за есен/зима 2022 сезоната. Оваа колекција е надоврзување на неговите минати појавувања, и само за нијанса е понепослушна.

Daniel Roseberry

Во оваа колекција тој дава свои видувања и за модели на јакни на Jean Paul Gaultier и Schiaparelli од 70-тите, како што и црната јакна со свилени рози е ода на соработката помеѓу Schiap и Jean Cocteau од 1937 година. Има и модели украсени со златни везови на Schiaparelli, направени пред децении. Сите тие се и модели и трофеи, можеби особено тексас Levi’s пачворк- јакната, направена од 11 пара облека, купени  во локалната винтиџ продавница.

Неговата модерна и иновативна креативна визија, како и неговите бројни таленти, преставени во двете години, колку што е во модната куќа, ќе овозможат Schiaparelli да го надградува своето уникатно наследство што всушност и го направи револуционерен бренд./M.M.

Daniel Roseberry

Daniel Roseberry

Daniel Roseberry

Daniel Roseberry

Daniel Roseberry

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.