МодаТрендови

David Koma помеѓу новото и традицијата на Koma девојката

David Koma

David Komakhidze, познат како David Koma, е моден дизајнер роден во Тбилиси, Грузиа, кој создава и живее во Лондон, Велика Британија. Брендот на David Koma преставува синоним за супер силуета што го обликува телото, преку создавање на скулптурални фустани инспирирани од телото на жената.  Сето се се гледа и низ неговата прва по ред пред-есенска колекција за годинава.

На сајтот на дизајнерот, во описот на колекцијата се посочува дека за колекцијата David Koma бара инспирација во британскиот Royalty, особено во импресивната долговечност на кралицата Елизабета и личниот стил на Диана. Поставен помеѓу модната фантација и удобноста,  David Koma истражува како новото и традицијата изгледаат во 2021 година.

David Koma

Користејќи го својот препознатлив контраст на атлетската градба и раскошните вечерни облеки, David Koma сака да ја раскаже приказната за Koma девојката во модерното опкружување.

Дизајнерот ја усовршува употребата на јукстапозицијата, симболизирајќи го така судирот помеѓу традицијата и сегашноста.

Убавите украси, клучна компонента во ДНК на дизајнерот, се појавуваат како хардвер со кристали и туби и како геометриски поставени кристали што ги красат ткаенините. Плетените и кристално украсени преголеми марами со лого го демонстрираат спојот на раскошот со удобноста. Кожните чанти за прв пат се извезени со кристали – за да ги надополнат украсите на коктел фустаните, што се всушност потписот на David Koma. Сите информации за првата пред-есенска колекција на дизајнерот се на сајтот: https://davidkoma.com/pages/collections#xo_a10_g14

David Koma

 

David Koma

David Koma

David Koma

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.