МодаТрендови

“Noblesse Oblige“и Игор Пачемски со нова колекција – “Алиса во Еко Земјата на Чудата“

“Noblesse Oblige“-Игор Пачемски

“Noblesse Oblige“, специјализираниот бренд за долна облека оформен од дизајнерот на култната лондонска луксузна марка “Yes Master“, Игор Пачемски, се стекна со застапништво во Велика Британија од агенциите на Philippa Bradley и BBY од Токио. Најновата, штотуку лансирана 15-та по ред колекција од овој бренд, за сезоната пролет/лето 2022 е насловена како “Алиса во Еко Земјата на Чудата“ и,  како искучителен престиж во овој сегмент на модниот пазар, ќе биде презентирана во Париз, на Exposed саемот на Riviera, како еден од 40-те селектирани брендови кои за прв пат во историјата ќе бидат преместени од саемот за долна облека во саемот за мода.

Во наменски изготвениот едиторијал, колекцијата ја пренесува познатата приказна со нагласок на одржливоста. Дел чајанката на Лудиот Шапкар, дел Лето на љубовта, колекцијата замислува одмор на брегот на локалното езеро, при намалено ниво на јаглерод диоксид и зголемена возбуда, предизвикана од доброто локално вино, крваво-портокаловите зајдисонца и психоделични ноќни неба.

“Noblesse Oblige“-Игор Пачемски

Колекцијата ја достигнува новата мантра на брендот: наследство, органско, одржливо, рециклирано, преку користење на Tana Lawn принтови, од култниот Liberty, на кои има калеидоскопски пеперутки, Боуви-ескни небесни paisley од 70-тите и розите на шаховска позадина, карактеристични за брендот, искомбинирани со органски тантели во комплементарни бои и рециклирана спортска облека. Останувајќи верен на позитивниот став кон телото и филозофијата на вклучување и прифаќање во корените,  колекцијата е навистина специјален подарок за секоја жена и нуди врвен, исклучителен и оргинален дизајн по кој Пачемски е препознатлив на интернационалната модна сцена.

“Noblesse Oblige“-Игор Пачемски

Иако, без сомнение, Игор Пачемски е најзначајниот и најквалитетниот македонски дизајнер на долна облека во светски рамки во овој момент, со непроценливо дваеесет-годишно искуство во глобалната индустрија на моден дизајн, неговото име сепак не е доволно препознено во локални рамки од едноставна причина што својата исклучителна кариера ја започнува и развива надвор од својата родна земја.

“Noblesse Oblige“-Игор Пачемски

Дизајнерот Игор Пачемски, Основач на брендот „Yes Master Lingerie“, родум од Македонија, со долгогодишен престој во Лондон и во дестинации како Њујорк и Софија , исто како и неговите модели, има необична приватна и професионална приказна . Иако првично насочен да биде научник и истражувач, оформувајќи го своето образование во Англија, студирајќи квантна хемија, љубовта кон дизајнирањето на долна облека ја открива во периодот додека работи во „Coco de Mer“. Својата наклонетост кон модата и желбата да егзистира од неа ја реализира со основањето на брендот „Yes Master Lingerie“ во 2005година. Првата колекција си го наоѓа патот до „Henry Bendel“ во Њујорк. Во годините кои следат продажните места се шират на три континента.

“Noblesse Oblige“-Игор Пачемски

За жал, оваа понуда во моменов ја нема на домашниот пазар, но плановите се во најскоро време и македонската жена да може да ужива во овие посебни парчиња, креирани за софистицирани индивидуи со доволно интелект да го разберат суптилниот хумор на овој дизајнерски потпис. Префинетоста на материјалите со врвен квалитет исто така го издвојува од мноштвото. За да им се радува и ужива во овие модели жената не мора да е конвенционално идеално градена. Едноставно – треба да е своја.

“Noblesse Oblige“-Игор Пачемски

  • Дизајн: Игор Пачемски
  • Колекција: Noblesse Oblige X Liberty
  • Продукција: Анастасија Богдановска/Живко Лозанов
  • Арт директор: Анастасија Богдановска
  • Стилист: Снежана Богдановска-Сани
  • Шминка: Ива Петковска
  • Фризура: Ирена Сенокозлиоска
  • Модел: Андреј Пајмаковски
  • Моделка: Сара Дамчевска
  • Фото: Александра Костадиновска
  • Локација: Вила Елен Камен

    “Noblesse Oblige“-Игор Пачемски

    “Noblesse Oblige“-Игор Пачемски

    “Noblesse Oblige“-Игор Пачемски

     

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.