Во традиционалната кинеска медицина, акупунктурата има за цел да го врати природниот проток на животна сила, или qi. Техниката стара 3.000 години со игли ја боцка кожата на стратешките точки, со цел да се намали напнатоста од нарушување или блокирање на qi. Аурикулотерапијата е акупунктура насочена кон надворешните делови на увото. Аурикулотерапијата ја насочува енергијата кон цела низа состојби, како мигрена, хронична болка, вознемиреност, воспаление и целокупната благосостојби.
Пирсингот на ушите, може да ги има истите својства и ефекти како и акупунктурата. Пирсингот на конусот помага за мускулна релаксација и борба против хронична болка, внатрешниот дел од увото за намалување на мигренозни болки, ресата од увото за смирување на алергијата, а најдолниот дел да ја поправа циркулацијата.
Стручњаците за акупунктура и аурикулотерапијата точно ќе ги дефинираат точките за пирсинг, врз основа на вашите укажувања за тегобите за кои барате решение.
Доколку не се љубител на пирсингот, обидете се со лепење на монистри на ушите. Тоа е неинвазивна форма на аурикулотерапија. Мали „монистри“ што личат на навртки за накит се ставаат на површината на вашето уво со лепило, на стимулирачките точки. Освен балансирање на протокот на енергија на организмот, помага и во балансирање на хормоните и регулирање на нервниот систем. Можете да бирате меѓу традиционалните кинески „монистри„ за уши или за светкавиот комплет од WTHN, кој доаѓа во двете 24-каратни позлатени верзии и Swarovski кристални. По три до пет дена залепените „монистри„ самите паѓаат./M.M.