Модните настани поврзани со ревиите посветени на летото, кои изминативе години станаа извонредно значајни за модната индустрија, поради пандемијата, за оваа година беа реализирани во извонредно отежнати околности. Потврда на тоа е и изјавата на првиот човек на Christian Dior, Pietro Beccari кој вели дека Dior од своето основање, од далечната 1946 година, токму од модните настани и ревиите ја добива онаа неповторлива, движечка енергија.
Затоа, а поради познатите околности, колекцијата за летово е снимена на Piazza del Duomo, во Лече, малото гратче на југот на Италија.
Креативната директорка Maria Grazia Chiuri го реализира настанот со голема помош на локалната заедница. Локалните жители имено беа целосно приклучени во настанот. Chiuri, според традицијата, ги промовира локалните и регионални занаети. Соработката беше уште позначајна поради пандемиските заклучувања. Марилена Спараси беше одговорна за ретките везови на томболо, со кој се украсени некои од фустаните на Chiuri. Ткаенините на колекцијата беа создадени од фондацијата Ле Константин, основана за да се зачува посебниот облик на дизајн на текстилот. Оркестарот и танчерската група беа исто така локални. Извонредниот перформанс со вкупно 90 преставени модели за летово може да се проследи на следниов линк:
Овој пат, познатите личности, инфлуенсерите и членовите на модниот печат, кои обично присуствуваат на ваквите настани, беа меѓу 20-те милиони дигитални гледачи./М.М.