Скопје, 12.06.2021 г. – Во Македонија се отвори новата високотехнолошка Фабрика за одговори, која нуди уникатен производ достапен единствено кај нас: Одговор на сите прашања.
Оваа Фабрика е идеална за сите оние кои се храбри и љубопитни. По својата цел и напредна технологија претставува единствена во светот и пошироко. Мисловниот процес во Фабриката се базира врз револуционерна, вештачки-интелигентна Машина за одговори која го генерира точниот одговор на секое поставено прашање.
„Беше вистински предизвик да се основа уникатен бизнис-концепт во Македонија во овие тешки времиња. Бев понесен од силната желба да им помогнам на сите оние кои немаат одговор на некое прашање, бидејќи го знам тоа чувство на изгубеност и двоумење. Многумина не веруваа дека ова може да биде реално, но заедно со мојот тим научници ја креиравме Машината за одговори и успеавме да го реализираме нашиот сон“ – изјави Никола Тегла, основачот на Фабриката за одговори.
Погледнете го видеото и видете дел од работната атмосфера во Фабриката за одговори:
<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Ffabrikazaodgovori%2Fvideos%2F2949671885318703%2F&show_text=true&width=560&t=0″ width=”560″ height=”429″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share” allowFullScreen=”true”></iframe>
Соодветно на глобалните тенденции за висока еколошка свесност и одговорност, одговорите на поставените прашања од граѓаните се генерираат на посебна, биоразградлива хартија со веганско потекло, која потоа се пакува во специјално изработена, стерилизирана и прекрасно дизајнирана тегла. Потоа теглата со одговор се доставува до адресата на поставувачот на прашање со бесплатна достава.
Одговор на овие прашања и повеќе информации за сè што може да добиете од Фабриката за одговори се достапни на линкот.
Доколку и вие имате прашање, поставете го на веб страницата на Фабриката за одговори и нарачајте го вашиот одговор во тегла по цена од 150 денари со бесплатна достава до вашиот дом.
Да, ова навистина е реално.
За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.