Versace Watches ја претставија својата нова кампања за пролет – лето 21, инспирирани од песочниот часовник. Комбинирањето на античкиот симбол на текот на времето со модерните дизајни, за новата колекција значи повеќе од дефинирање на елегантни силуети.
“Песокот се движи, поминува и преминува, минуваат и секунди, минути и часови, но шармот на Versace Watches е вечен“, посочуваат од брендот.
Versace Watches часовниците се надополнети со нараквици, прстени и накит за коса./М.М.