Сето што недостасуваше изминатово време поради пандемијата, сета убавина на летото на море, е дел на Versace и La Vacanza колекцијата, за едно незаборавно лето:
“Со снимањето на модниот филм, сакав да креирам нешто забавно, што во себе го носи духот на одморот. На сите ни недостасуваат патувањата, и онаа возбуда кога со пријателите ќе се најдеме на некои сосема поинакви места и ќе ги споделуваме впечатоците, објаснува Donatella Versace. Целта на овие слики е да го претстават уживањето во животот и чуството на слобода, односно летното расположение на неограничените можности”, посочува таа.
Снимена во Лигурија, крај брегот на кристално чистата вода и синото небо, кампањата ја претставува смелата и колоритна естетика на брендот и нè наведува да сонуваме за гламурозен одмор покрај морето.
Содржи се потребно за море и плажа: од костими за капење, патики и свилени кошули, до патни торби и пешкири за на плажа, новата колекција е совршена за сите оние кои сакаат да додадат некое врвно парче во своите летни есенции. Секако, познатиот мотив Versace Greca е сеприсутен./М.М.